< назад кон СКОПСКА

С О О П Ш Т Е Н И Е
за бесплатен превоз

Јавното сообраќајно претпријатие „СКОПЈЕ“ – Скопје, ја информира јавноста дека почнувајќи од 01.01.2016 година, ќе започне со реализација на проектот „Бесплатен превоз за сите редовни студенти на Државните универзитети со седиште во градот Скопје“.

Редовните студентите запишани на еден од Државните универзитети со седиште во град Скопје кои веќе поседуваат персонализирани картички, потребно е да го посетат било кое место за персонализација (едно од осумте инфоцентри), да понесат со себе потврда за редовен студент, индекс и лична карта за идентификација, за да им се запишат соодветните електронски билети.

За оние студенти кои немаат извадено персонализирани картички, исто така потребно е да посетат еден од 8-те Инфо Центри на ЈСП СКОПЈЕ со потребната документација (потврда за редовен студент, индекс и лична карта). Со издавањето на персонализираната картичка ќе се изврши и запишување на соодвениот билет.

Исто така, ја информираме јавноста дека ЈСП СКОПЈЕ продолжува со бесплатна услуга за сите категории на корисници на јавниот превоз (ученици, средношнолци, возрасна категорија на граѓани со 62 години за жени, односно 64 години за мажи).

 

Напоменуваме дека бесплатниот превоз може да се користи само ако патникот поседува електронска картичка со запишан билет на истата и задолжително се валидира на валидатор при влез на предна врата.

 

 

Со почит,

ЈСП СКОПЈЕ