< назад кон СКОПСКА

ЕЛЕКТРОНСКИ ПАРИЧНИК

Електронскиот паричник претставува простор каде што се запишуваат внесените средства на електронската картичка.

На електронскиот паричник можат да бидат внесени средства во висина од 100 денари до максимални 6000 денари. Овие внесени средства немаат временски рок до кога можат да бидат искористени, односно лицето кое ги поседува може да ги употребува тогаш кога има потреба за користење на јавен превоз.

Електронскиот паричник може да се надополни на сите 84 продажни места на ЈСП СКОПЈЕ (во билетарниците, кај мастер дилерот и трите ТВМ апарати).

Валидаторите и електронските картички се програмирани прво да ги отчитуваат гратис возењата впишани на електронските картички, потоа времените билети и на крај одзема средства од електронскиот паричник. За ноќните возења, доколку корисникот се нема претплатено за месечен билет за ноќни возења, валидаторот ја одзема потребната сума на средства директно од електронскиот паричник.

Системот на функционирање е сличен со хартиените картички за едно возење, со тоа што наместо поништување на хартиениот билет во поништувачот, корисникот ја валидира електронската картичка на валидаторот, при што му се одзема сумата на средства од електронскиот паричник, потребна за за реализирање на возењето.

Овие средства не се врзани со ниту еден времен билет, вклучувајќи го и оној за 10 возења.