СКОПСКА КАРТИЧКИ

Градот Скопје заедно со ЈСП СКОПЈЕ почна со имплементација на системот за автоматска локација на возилата и електронскиот систем на наплата, во возилата на јавниот градски превоз. Системот ќе почне со работа на 01.09.2015 година, а целосна функционалност е предвидена од 01.01.2016 година.

Персонализирана

дознај повеќе..

Персонализираната безконтактна претплатна картичка содржи основни податоци и фотографија на сопственикот. Невозможно е да се пренесе на друг.
Персонализирана картичка може да се добие на 8 локации во градот.
Важноста на билетот се менува во зависност на категоријата на граѓани ...
Ваква картичка можат да добијат: возрасни граѓани, ученици од средно и основно образование, студенти, вработени и сите посебно категории на патници кои ги исполнуваат бараните услови согласно прописите на ЈСП СКОПЈЕ.
Персонализираната ги има следните предности во однос на Неперсонализирата картичка: - овозможува користење на месечни билети - овозможува контрола на трансакциите преку WEB апликација

Неперсонализирана

дознај повеќе..

Оваа картичка може да ја користи секој патник и не содржи лични податоци. Картичката има функција на електронски паричник кој може да се надополнува со одреден паричен износ и истиот се користи се додека има парични средства на него.

Аплицирај/Надополни

дознај повеќе..

Персонализираната картичка можете да ја добиете во 8-те центри за изработка на картички. Постапката е следна:
- се идентификувате и ги доставувате потребните документи за купување на билет
- вработениот ве фотографира, ги внесува податоците во системот и ја печати картичката
- целата постапка трае неколку минути
- дополнителни информација во врска со издавањето на картичките можете да добиете на WEB страната www.skopska.mk и во сите продажни места на ЈСП СКОПЈЕ.

Неперсонализираните картички можете да добиете во 60 продажни места во градот како и на 3 автомати за издавање и дополнување на картички. - празната електронска картичка ја надополнувате со одреден износ и со тоа вашата картичка добива функција на електронски паричник

Изгубена/оштетена картичка

дознај повеќе..

Доколку се изгуби или оштети картичката, постои можност за префрлување на средствата на нова картичка додека старата се блокира.

Предности/Придобивки

дознај повеќе..

ЕДИНСТВЕН ТАРИФЕН СИСТЕМ ЗА СИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ
- истата картичка важи кај сите превозници - цената на возењето е унифицирана - нема трки меѓу превозаниците и борба за патници - единствен возен ред - единствена продажна мрежа - единствена контрола

ПОДОБРА ИНФОРМИРАНОСТ НА ПАТНИЦИТЕ
- информирање во автобусот преку интерни дисплеи и аудио системот - информирање на автобуските постојки преку 50 информативни дисплеи - информирање на автобуските постојки со помош на СМС порака, при што се добива повратна порака за времето на пристигнување на автобусот - информирање преку WEB страна - информирање преку мобилна апликација

ПОДОБРЕНА МОБИЛНОСТ НА ГРАЃАНИТЕ
- планер за патување со јавниот превоз кој го оптимизира времето на патување - скратување на времето на задржување на постојките - воведување на најразлични типови на билети според потребите на патниците и тоа билети со временско ограничување, дневни билети, викенд билети, фамилијарни билети итн.

ПРИДОБИВКА ВО ПЛАНИРАЊЕТО, СПРОВЕДУВАЊЕТО И КОНТРОЛАТА НА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ
- пратење на автобусите во реално време - автоматска изработка и оптимизација на возен ред - изработка на распоред на возачи - оптимизација на превозните капацитети - статистика за бројот и категоријата на патници по коридор, линија, постојка - мониторинг над работењето на сите превозници од страна на Град Скопје

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА АТРАКТИВНОСТА НА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ
- редовност, сигурност, точност и ефикасност на јавниот превоз - поедноставено и побезбедно плаќање на услугата со користење на повеќе можности во зависност од желбата на патникот (електронска картичка, мобилен телефон, плаќање во кеш) и повеќе видови билети согласно со потребите на патниците - подобрена информираност на патниците - единствен тарифен систем за сите превозници

ЕКОЛОШКИ ПРИДОБИВКИ
- намалување на емисијата на штетни гасови и потрошувачката на гориво преку оптимизација на возните редови согласно потребите за патување - намалување на користењњето на приватни автомобили поради зголемување на атрактивноста на јавниот превоз - електронските картички ги заменуваат досегашните хартиени билети што значи заштита од прекумерно сечење на шумите и заштита на човековата околина од отпадоците од хартиените билети

   УСЛОВИ И НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ

Влезот во возилото е исклучиво и задолжително на предната врата на автобусот каде е лоциран валидаторот (уред на кој сите видови на билети задолжително мора да се прочитаат/поништат/евидентираат).

Валидатор

Тоа е уредот со кој се чита картичката и се регистрира плаќањето за Скопска картичките се наоѓа исклучиво на влезот во возилото.

Време на валидирање

Времето на валидирање е неповеќе од 2 секунди - време кое е потребно системот да Провери дали картичката е валидна или не (истечена, оштетена, без доволно кредит).

Сигнализација

Доколку картичката е исправна валидаторот сигнализира со зелено светло. Во случаеви на неисправна картичка, системот информацијата ќе ја прикаже на екранот од валидаторот и ќе ве информира дека валидацијата е неисправна, сигнализирајќи црвено светло.

Валидирање со картички

Перонализирана и неперсонализирана.

Валидирање со мобилен телефон

Системот дозволува и плаќање со мобилен телефон - со повикување на специјално наменетиот број од сите мобилни телефони.

Време на возење


ВНИМАНИЕ! Зошто е многу важно секој патник да се валидира? Доколку не ја валидирате картичката при влегување во автобусот, ќе се смета дека не поседувате важечки билет! Секој патник е неопходно да се валидира при секое влегување во автобусот со што ќе се добијат податоци за протокот на патници во автобусите во секое време, по оделни постојки и линии, со што ќе се овозможи подобра оптимизација на возните редови и обезбедување поквалитетен превоз на патниците.

Погледни Рекламен материјал

Видео материјал 1
Видео материјал 2

ЗА СКОПСКА

Градот Скопје заедно со ЈСП СКОПЈЕ почна со имплементација на системот за автоматска локација на возилата и електронскиот систем на наплата, во возилата на јавниот градски превоз. Со воведувањето на системот за автоматска локација на возилата и системот за електронска наплата, се очекува остварување на повеќе економски и социјални придобивки. Подигањето на квалитетот на превозните услуги, запазување на пропишаните возни редови, како и овозможување на благовремени корекции и намалување на времето на чекање согласно со моменталните случувања во сообраќајот во Градот. Во делот на наплатата, овој проект ќе овозможи лесна и брза наплата со намалување на времето на задржување на автобуските постојки. Исто така постои можност за воспоставување на најразлични видови на плаќања (можност за воведување на повеќе различни тарифни системи). Во делот на информирањето на патниците придобивките се очекуваат да бидат, во брзо навремено добивање на аудио и видео информации за пристигнување на автобусите на стојалиштата преку информационите, дисплеи на самите стојалишта, како и преку СМС и интернет. Не е за занемарување заштедата на горивото поради рационализација на превозот и пократкото стоење на возилата на постојките, а со тоа и помалото загадување на воздухот.

ОРГАНИЗАЦИЈА НА СИСТЕМОТ

   ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ



КОГА СТАРТУВА СИСТЕМОТ ?

Очекуваме системот да почне со работа на 01.09.2015 година, а целосна функционалност се очекува од 01.01.2016 година.

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВАМ ЗА ДА ГО КОРИСТАМ НОВИОТ СИСТЕМ ЗА ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА ?

Системот за електронска наплата може да се користи со купување на електронска картичка, со плаќање преку мобилен телефон или со плаќање кај возачот. Основен, најефтин, најбрз и наједноставен начин на плаќање е со електронска картичка.

КАКВИ ТИПОВИ НА ЕЛЕКТРОНСКИ КАРТИЧКИ ПОСТОЈАТ?

Постојат 2 типа на електронски картички и тоа Персонализирана електронска картички и Неперсонализирана електронска картичка или поедноставно кажано картичка која содржи податоци и фотографија од патникот и картичка која не содржи податоци за патникот. Доколку сакате да поседувате некој привилегиран билет (ученички, студентски, пензионерски, стгаросен или месечен билет за вработени) тогаш неопходно е да поседувате персонализирана картичка. Персонализирана картичка можете да купите и кога сакате картичката да можете да го надополнувате и прегледувате преку WEB апликација. Привилегија на персонализираната картичка е доколку дојде до нејзино губење, картичката се блокира во системот и не може да се користи од друго лице, а средствата можат да ви бидат префрлени на друга картичка. Неперсонализирана картичка има предност што може да се користи од повеќе лица и има функција на фамилијарна картичка. При нејзино губење не е можно блокирање на истата и средствата кои се надополнети на неа не можат да ви бидат рефундирани.

КАДЕ МОЖАМ ДА НАБАВАМ ЕЛЕКТРОНСКА КАРТИЧКА?

Персонализирана електронска картички можете да набавите во 8 Инфо центри на ЈСП СКОПЈЕ сместени на различни локации во градот Скопје. Постапката е следна: - доаѓате во Инфо центарот, се идентификувате и ги доставувате потребните документи доколку аплицирате за купување на повластен билет - кажувате за каков билет аплицирате - оператерерот во Инфо центарот ги внесува вашите податоци во системот при што врши и ваше фотографирање - на специјален принтер се печати вашата каричка и по извршеното плаќање веже имате подготвено персонализирана картичка на која е впишан билет - целата постапка трае околу 2 минути Неперсонализирана електронска картички можете да набавите во 60 продажни места во градот како и на 3 автомати за самостојно издавање и дополнување на картички. Постапката е следна: - купувате празна електронска каричка - празната електронска картичка ја надополнувате со одреден износ и со тоа вашата картичка добива функција на електронски паричник - надополнувањето не може да биде помало од 100 денари.

ШТО Е ЕЛЕКТРОНСКА КАРИЧКА, А ШТО БИЛЕТ? ДАЛИ ТОА Е ЕДНО ИСТО?

Електронска картичка и пластична картичка слична на банкарските карички во која има сместен чип кој овозможува бесконтактна комуникација помеѓу картичката и уредот што ја чита. Електронски билет е производот кој е сместен на вашата електронска картичка. Тоа може да биде, електронски паричник, билет за 10 возења, месечен билет и тн. Значи картичката е инструментот кој овозможува да поседуваме различни типови на билети и тоа се сосема различни поими.

КАКО СЕ КОРИСТИ ЕЛЕКТРОНСКАТА КАРТИЧКА?

Влезот во автобусот е исклучиво на предна врата каде е лоциран валидаторот (уредот кој ги чита електронските картички). Сите видови на билети задолжително треба да се валидираат. Валидирањето се врши со доближување на картичката до валидаторот при што валидаторот ја проверува валидноста на вашата картичка, проверува дали имате средства и ако тие услови се задоволени, одзема парични средства согласно со тарифата и ја запишува новата состојба во картичката. Оваа постапка трае помалку од 1 секунда и валидаторот ве известува дека валидацијата е успешна. Доколку картичката не е валидна или доколку на неа нема доволно средства, валидаторот дава визуелен и звучен сигнал кој го предупредува патникот. Во системот се запишани податоци, во колку часот, на која линија, во кој автобус и на која постојка сте го направиле валидирањето. (кај месечните билети не се одзема паричен износ туку само се запишуваат податоци во системот). Ове податоци подоцна користат за димензионирање на капацитетот на линиите т.е обезбедување на доволен број на воззила и соодветен интервал помеѓу нив.

КАКО ДА ПЛАТАМ СО МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН?

Системот овозможува и опција за плаќање со мобилен телефон - со повикување на специјано наменет број од сите типови на мобилно телефони. Значи се врти бројот на пример 184 се приближува мобилниот телефон до валидаторот и потоа валидаторот дава потврда за плаќањето. Плаќањето со мобилен телефон ќе биде за нијанса поскапо во однос на плаќањето со картичка , а времетраењето е 2-3 секунди.

Доколку вашето прашање го нема во прашалникот, контактирајте не на нашиот емаил или со пополнување на контакт формата подолу.

    КОНТАКТ


 Испратете ни порака


Вашето име

Вашиот емаил:

Порака:



Доколку сакате по телефон да не контактирате можете да го сторите тоа на телефонскиот број

 080015115